ВМТ по трет пат

Пролетта започнува со планинската трка „Vodno Matka Trail Marathon“, во организација на „Trex“ . Како и изминатите две изданија, така и оваа година (28.03.2020) ќе се оддржат две трки, „мала“ (Водно треил) со должина од 28 km и 1800 D+ и голема (Водно Матка Треил Маратон) со должина од 42 km и 3100 D+. Пријавувањето е веќе отворено, а повеќе информации може да најдете на официјалниот настан.

За атмосферата и како беше лани, погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно 🙂

Најдобрата мотивација за да поченете со тренинзи е да се пријавите на трка! Се гледаме на Водно!


лого