Велосипедизам, кафе култура и наука!

Кафе културата отсекогаш одела заедно со велосипедизмот. Без разлика дали сте планински велосипедист, друмски велосипедист или рекреативец, кофеинот некако магично ве привлекува низ вратата од кафулето. Покрај социјалниот момент и добрата дружба на кафе паузата, има и неколку научни истражувања за кофеинот и спортскиот перформанс:

  • Според студија извршена на универзитетот во Ковентри, во која учествувале 19 мажи и 19 жени, на делница од 5 километри учесниците кои примиле доза кофеин од 3 милиграми по килограм телесна тежина биле за 9 секунди побрзи.
  • Група на аматери кои пиеле кафе во комбинација со енергетски гел возеле многу подобро од оние кои земале многу помали дози на кофеин или не земале ништо. Истражувањето е извршено на Универзитетот во Аликанте во Шпанија.
  • Исто така на Универзитетот во Аликанте во Шпанија, велосипедистите кои примиле доза од 7 милиграми кофеин по килограм телесна тежина, 70 минути пред експериментот, издржале 33,8 секунди подолго на „Ramp Test“, кој бил спроведен по возење од 60 минути на 70% од нивниот  VО2 максимум.
  • На Универзитетот во Бирмингем, истражувачите заклучиче дека 5 милиграми кофеин по килограм телесна тежина им дава значителна предност на велосипедистите на 45 минутен хронометар. Дозата кофеин ја примиле 60 минути пред хронометарот.

Според ова може да заклучиме дека едно добро еспресо пред тренинг е доволно да го поттикне нашиот перформанс, но не претерувајте ескпертите препорачуваат не повеќе од 400 милиграми кофеин на ден.


Извор: https://www.cyclingweekly.com/news/latest-news/drink-coffee-ride-faster-141011

beyond-the-results-logo