2019 низ бројките од „Страва“

„Страва“ е една од најпознатите и најкористените платформи во светот, која ги поврзува и обединува спортистите од целиот свет, со цел да создаде заедница од која ќе се инспирираме, градиме и ќе ги направи спортските активности кои ги сакаме уште позабавни. Името „Страва“ е шведски збор за „стремеж”, односно олицетворение на копнежот да постигнеме нешто големо или едноставно да се надминеме себеси.

Оваа година тимот на „Страва“, собирајќи ги сите податоци од спортистите од целиот свет кои ја користат апликацијата, ни претстави интересни статистики и податоци за годината која изминува, 2019та.

  • Вкупната помината дистанца во 2019та година е преку 8 билиони миљи или скоро 13 билиони километри. Тоа е поголемо од должината помеѓу планетата Земја и планетата Плутон.

  • Вкупното време потребно за да се помине оваа дистанца е 726 милиони часови или еквивалетно на 82.927 години.
  • Околу опсесијата на спортистите со висината на Врвот Еверест, 9 спортисти кои користат „Страва“ успеале вистински да го искачат врвот, а дури 3.059 спортисти успеале да ја искачат елевацијата од 8.848 метри во една активност (познато како Еверестинг). Во период од 24 часа Килиан Жорнет на скии успева да совлада висинска разлика од 23.112 метри или тоа е еднакво на 2 и пол пати од висината на Еверест.
  • Околу велосипедските активности е забележано дека со возење велосипед во група во просек може да поминете дупло поголема должина одколку да возите сами и во просек групните активности имаат за 6% поголема брзина. Најголемиот број од групните активности се забележани во Бразил, односно 38,6%, а најмалит број на групни активности е забележан во Јапонија 18,7%.
  • Настанот со најголем број на учесници кои користат „Страва“ е Лондонскиот Маратон.
  • Колку долго може да возите велосипед со некоја особа пред да ви снема муабет? Рон Рутланд и Џејмс Овенс возеа заедно од Лондон до Токио, за да го предадат свирчето кое ќе означи почеток на светското првентсво во рагби. Тие поминаа 20.000 километри за 230 дена.
  • 42.2 километри или голем маратон, кој трча знае што значи таа бројка. Оваа година Елиуд Кипчоге успеа таа дистанца да ја помине за неворајтни 1 час 59 минути и 40 секунди, иако оваа активност ја нема на „Страва“, сепак вреди да се спомне. Најбрзиот маратон забележан на „Страва“ оваа година е 2 часа и 7 минути истрчан од Ској Фабле во Бостон.
  • На страна од рекордите од професионалците, Џени Риз постави светски рекорд во маратон со време од 3 часа и 24 минути и 48 секунди во старосна категорија од 70 до 74 години во Берлин.
  • За време на Тур де Франс еден професионален велосипедист искачува 15.775 метри висинска разлика во период од 3 недели, додека еден аматер велосипедисти во просек за една година искачува  7.873 метри.
  • Еден од најхрабрите потези оваа година беше победата на светското првенство во велосипедизам во жени на Анемик Ван Влеутен, која ги возеше соло последните 100 километри.
  • За секоја минута скролање на страва во просек истиот спортист поминува 15 минути во спортување.
  • Светски познатиот фотограф Крис Букард реши да се натпреварува во ултра-долги велосипедски трки и истата година на трката во Исланд постави рекорд на патеката поминувајќи 1.358 километри за 52 часа и 36 минути.
  • Фиона Колбингер победи во целокупен генерален пласман на Трансконтинентал трката, односно возејќи со велосипед 4.000 километри од едниот до другиот крај на Европа. Оваа трка успешно ја заврши и натпреварувачка од Македонија, Тина Нестороска.
  • Јапонецот Митсуро Ујема успеа да истрча 100 маратони за 100 дена.
  • Џој Ли успева да трча секој ден константно веќе 7 години.

Со нетрпение ја очекуваме статистиката за наредната година!

Извор: https://2019.strava.com/community/en-us/?fbclid=IwAR3YWlyWpDOzw_o7_Iebqu3CSCRdFtmhRMHIPVKKhva3fOSHa6TDRWE7ZmM