Симоне Моро за падот во креваса на Гашербрум 1

Алпинистите Симоне Моро и Тамара Лунгер мораа да ја прекинат експедицијата за зимско искачување на Гашербрум 1 (8080 masl) и Гашербрум 2 (8035 masl) после несреќата што се случи викендов. Тој во интервју за „Rock and Ice“ ги објаснува деталите како се случил падот во кревасата и како успеале да се извлечат. Со оглед на тоа дека немаат никаква помош од шерпаси, парот напредувал многу споро бидејќи целиот товар го носеле сами. Откако успеале да го поминат скоро целиот глечер, и стигнале до технички „полесен“ терен им останало да поминат уште неколку пукнатини и да го постават „Camp 1“.

При поминување на една од пукнатините, Тамара поминала прва преку еден снежен мост и се сместила на безбеден терен. Во моментот кога се подготвувала да го обезбедува Симоне, тој почнал да се движи преку истиот мост само по малку поразлична патека на движење, бидејќи забележал пукнатина под една од стапките на Тамара. Токму во тој момент се руши мостот и Симоне паѓа во пукнатината. Со оглед на тоа дека се движеле без дерези (имале „снегохотки“ бидејќи имало длабок снег) Тамара била повлечена од падот и почнала да се лизга кон пукнатината, притоа јажето и се затегнува околу раката. Сфаќајки дека нема да може да го задржи и некако успорувајќи го лизгањето, Симоне вади еден тубуларец (клин за мраз) од неговиот појас и лизгајки се надолy успева да го постави во мразот (околу 30% бил заштрафен) и на него успева да се задржи со рака. Потоа и се прикачува на истиот, со цел да и даде време на Тамара да направи сидриште и да ја ослободи раката од затегнатото јаже.

Откако воспоставиле контрола над ситуацијата, почнале да прават планови за тоа како да се извлечат од истата. Бидејќи Тамара била повредена на едната рака, Симоне морал да почне да качува по мразот што за алпинист од неговиот калибар не би било проблем доколку опремата потребна за ова не му била во ранецот, а пукнатината била тесна што целата процедура на нејзино вадење подразбирала да се има гимнастички способности. Сепак после 2 часа Симоне успева да излезе од пукнатината и двајцата безбедно да се вратат во базниот камп од каде е организирана спасувачка акција.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.


logo-beyond-the-results