kilian-vs-tom-erik

Предизвикот Ромсдалшорн

На врвот Ромсдалшорн, кој е со висина од 1550м и е еден од најимпозантните врвови во Норвешка, светски познатиот планински трчач Килиан Жорнет и светски познатиот „Base Jumper“ Том Ерик се предизвикаа еден со друг, за тоа кој ќе го качи и спушти врвот најбрзо. Килиан Жорнет се качуваше по северната страна, по која се совладува 400 метри висинска разлика со оцена според „UIAA“ IV, а се спушташе по патеката „Халс Рене“ 450 метри оцена III. Додека Том Ерик се качуваше по патеката „Халс Рене“, а се спушташе со летање.

Кој победи на трката и како тоа изгледаше, можете да видите на следното видео: