4 чекори до првата трка во планинско трчање

Трчачите и „endurance“ атлетите се повеќе и повеќе ги привлекуваат трките во планинско трчање. Од прекрасните предели, до интересниот профил на патеката и пријателски расположената конкуренција, во овие трки секој може да се пронајде. Еве четири лесни чекори кои што можете да ги превземете за да ја започнете вашата авантура во планинското трчање:

1. Одберете трка

Водно – Матка Треилс и Охрид Ултра Треил нудат одличен спектар на трки со различни профили кои може да одговараат на вашите способности. Земете ги овие работи во предвид пред да го направите вашиoт избор:

  • дали сте во можност да се спремите физички за да ја завршите безбедно трката.
  • дали имате технички познавања за безбедно да ја завршите трката (трчање по технички стрмен терен, трчање во ноќни услови, навигација доколку е потребно…) и што треба да подобрите.
  • Размислете добро што треба да направите за да се припремите за трката и како тоа би го вклоппиле во вашите секојдневни обврски.

2. Дефинирајте ја вашата цел

По изборот на трката дефинирајте ги и вашите цели, дали тоа ќе биде да победите, да завршите на одредена позиција, временски лимит или само да финиширате. Направете реален избор според вашите способности, со цел да се чуствувате уште посреќни на финишот.

vodno-matka-finish

3. Проверете ги деталите

Согласно изброт на трката проверете ги сите технички карактеристики на патеката. Колку надморска височина се совладува, каков е теренот, колку освежитилни станици има и на кое растојание се, која е задолжителна опрема и сл. За сите дополнителни прашања слободно обратете се кај организаторите од Трекс. Исто така ве советуваме да ги поглeднете видеата од претходните трки:  

 4. Направете тренинг план

Веќе имате список на работи на кои треба да работите и можете да започнете да го планирате вашиот тренинг план. Постојат два клучни чекори кои што треба да се следат за добар тренинг план:

  • Одберете ги вашите 2 најслаби страни кои што сакате да ги подобрите. 
  • Одборете ги вашите 2 вештини кои што сакате да ги совладате.

Доколку сте во потрага на следниот „endurance“ предизвик, погледнете го одличниот спектар на трки кој ги организира спортскто друштво „Трекс“. Овие трки се од отворен карактер за секој кој што сака да се пријави и имаат различни профили со различна должина и надморкса висина кој што треба да се совлада, приспособени за сите.

ohrid-trail

beyond-the-results-logo