Алпинистите Klemen Premrl и Tim Emmett ја комплетираа насоката „Мисија до Марс“ на водопадот „Helmcken“ во Канада. Станува збор за продолжување на насоката „Nadurra Durra“ (+4 болтови) со оценка WI13 и должина од 40 метри (од кои 30m се во превис). Ова досега претставува најголемата оценка за „Ice Climbing“ но секако треба да биде потврдена и од други. Додека ги чекаме „јунаците/јуначките“ ни останува да претпоставуваме што значи бројот 13 како оценка. Честитки до двајцата!!!
