Матерхорн траверс – Алек, Бојан, Саша и Никола

Врвот на Ливадите, или познат како Матерхорн претставува своевидна икона на целиот Алпски масив. Благодарение на судирот на две тектонски плочи пред милиони години, овој врв ја добива својата уникатна форма на речиси совршена пирамида и четирите негови гребени се комплетно усогласени со страните на светот (север, југ, исток и запад). Неговата маркантна појава се користи и во комерцијални цели, па така познатото чоколадо Тоблероне го има овој врв за свое лого, во минатото имало иницијативи и да се изгради жичара/железница која би водела со самиот врв (за среќа после жестоки реакции од локалното население оваа идеја била напуштена). Сепак најголем импакт им остава на планинарите и алпинистите од сите краеви на светот во исполнување на сопствените амбиции. Токму и овој филм го прикажува тоа, преминување на италјанско – швајцарстата граница преку Матернхорн од страна на четворица наши момци.