Јана Атанасовска го освои првото место на Ски Интеркритериум 2020 во слалом трката до 14 години, која се одржа во ски центарот „Рички“ во Чешка. Нашата скијачка имаше нешто послаба прва трка со време од 36.12 секунди, но на втората трка беше подобра за речиси 2 секунди од конкуренцијата и победи на трката со време од 1 минута 14 секунди и 36 стотинки.

Во машка конкуренција во категоријата У14 во салоломот Данило Илиев заврши на 11. позиција, а Никола Деспотовски излета од патеката. Во велеслаломот Илиев заврши на 24 позиција.
