Видео од брзинското искачување на Аконкагва на Александар Кирковски

Краток филм од експедицијата на Аконкагва 6962м. Дваесетина минути видео запис од Андите кои ја раскажуваат приказната за авантурата на двајца пријатели и пасионирани вљубеници во планината, но воедно и документиран материјал за едно значајно поместување на границите во македонскиот планинарски спорт што би требало да мотивира многумина. Патот до успех во спортот, планините, но и во животот не е едноставен и бара искрен пристап и максимален влог.