24H D+ vs Everesting

Еволуцијата го направила Хомо Сапиенсот да биде доминантен вид кога станува збор за „endurance“ активности (трчањето). Токму затоа, во денешно време луѓето бараат начини како оваа придобивка од природата да ја тестираат до максимум. Од маратони се направија ултра маратони, од триатлоните денес имаме ултра триатлони, почнаа да се органаизираат натпревари во планинско трчање, па во ултра планинско трчање итн. Како поминува времето, така наоѓаме начини да го тестираме сопственото тело и ум до самите граници и многу често да ги поминеме истите.

Како резултат на ова, во последните неколку години се повеќе се популаризираат тн. предизвици 24H D+ и „Everesting“. На прв поглег изгледаат многу слично но сепак постојат битни разлики во правилата и целта што спортистот сака да ја постигне.

Кога станува збор за 24H D+ целта е да се искачи што е можно повеќе висинска разлика во период од 24 часа, непрекинато. За да се официјализира потребно е:

  1. Електронски систем на мерење на времето на почеток и на највисоката точка;
  2. Да се носи електронски чип што ќе го регистрира времето;
  3. Патеката да биде официјално измерена од геодет;
  4. Да се направи анализа на крвта 72 часа пред почетокот;
  5. Мора да се трча ист круг, 90% од теренот да биде неасфалтиран, почетната и крајната точка да бидат на исто место со цел да се има ист број на кругови нагоре и надоле и
  6. Да бидете регистрирани на „Quartz

Кај „Everesting“ целта е искачат 8848 метри (висината на Еверест) пратејќи ги следниве правила:

  1. Искачувањето да биде по исто брдо (сегмент на „Strava“);
  2. Дозволено е да се користат алтернативни методи на спуштање (велосипед, жичара, кола итн.);
  3. Може да се користи GPS уред што е поврзан со „Strava“;
  4. Доколку направите 8848м на пола брдо, можете да прекинете со качување и
  5. Не смеете да спиете додека го правите

Главната разлика на овие два предизвика е во тоа што кај првиот имате поставено временски лимит во којшто треба да направите што е можно повеќе висинска разлика додека пак во вториот имате поставено колку метри треба да искачите во што е можно пократок временски предиод, нормално почитувајќи ги правилата. Токму ова го ја одредува тактитата во избор на локацијата, темпото на движење, изборот на часот кога да се почне и како да се тренира. Заедничко е тоа што мора да се направи детално планирање на се, организација на логистичка поддршка, паметен избор на храна и секако „патењето“ додека го правите но и чуството на сатисфакција кога ќе завршите.

Од сето ова можеби ќе се постави прашањето што е поголем успех. Одговорот е едноставен, завшувањето на било кој предизвик е огромно достигнување и поместување на сопствените граници. Без разлика дали ќе поставите нов рекорд или „само“ завршите ќе бидете побогати за едно големо животно искуство.


beyond-the-results-logo