Тренинг за време на пандемија

Додека спортските натпревари ширум светот се откажани како резултат на појавата на COVID-19, тренинг процесот може и треба да продолжи. Покрај очигледниот ризик за нас самите да се инфицираме од новиот вирус, и останатите околу нас ги ставаме во ризик доколку сме носители. Затоа, им должиме на сите околу нас, особено на ранливите категории, да превземеме секакви мерки на претпазливост. Да разгледаме како да останеме здрави додека тренираме и да продолжиме да ги подобруваме нашите хигиенски навики за да можеме сите да уживаме во подобро здравје, бидејќи секој непланиран ден одмор ќе не чини два и пол дена дополнителен тренинг за да се вратиме на истото ниво.

Четири главни фактори за менаџирање на ризикот од инфицирање и останување здрави:

  1. Веројатност: Која е шансата да се разболам (со оглед на мојот живот и начин на живот)?
  2. Последици: Што ќе случи ако се разболам? Што ќе изгубам?
  3. Изложеност: Како можам да ја намалам изложеноста на вирусот?
  4. Ранливост: Како можам да го зголемам мојот имунитет?

Кога сме кај менаџирање на ризикот, повеќето луѓе никогаш не ни размислуваат ни за првиот фактор веројатноста и поради тоа донесуваат многу лоши одлуки. Кога ќе ги искомбинирате сите четири фактори, добивате моќна одбранбена алатка.

Но како да ја намалите изложеноста на вируси, еве неколку начини: држете растојание од луѓето во близина (најмалку 1 метар), ако се разминувата со некој кој покажува знаци на разболување вдишете пред да се разминете и издишете по разминувањето, избегнувајте настани и места каде што има голема фрекфенција на луѓе, избегнувајте тренинг во затворени простории и тренинг во големи групи. Исто така внимавајте на јавните површини кои ги допирате и доколку имате можност користете ги лактите или доколку немата можност користете некаква бариера за да ги допрете (пр. марамче), носете секогаш со вас средство за дезинфекција, носете си ваше пенкало, никогаш не ги допирајте вашиот нос, очи или уста и најважното често мијте ги рацете.

За да го подобрите вашиот имунитет имајте квалитетен сон, квалитетна исхрана, контролирајте го стресот, избегнувајте тренинг на висок интезитет ако не се осеќате добро или сте немале квалитетен сон, избегнувајте алкохол, не практикувајте „fasted“ тренинзи (можеби ќе имате аеробен напредок со овие тренинзи, но го компромитираат имунитетот).

Можеби повеќето околу вас ќе ве сметааат за чудак, но вашето здравје е најбитно, а во овој момент секој од нас има одговорност кон ранливите категории и намалување на ширењето на COVID-19.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


beyond-the-results-logo