Битолчани заслужуваат подобро!

Спортското качување е новиот олимписки спорт. Во градот Битола клубот Вертикал постои веќе 17 години. И покрај успесите на нивниот клуб условите во кои што се одвиваат тренинзите стануваат се полоши и полоши.

Од прокапувањето на вода од таванот, до ниските температури на зима во кои треба да тренираме. Иако многупати се обидовме да ги решеме проблемите, состојбата постојано се влошуваше, така и дојдовме до идеја да направиме промотивно видео со кое Би можеле да ги информираме граѓаните за нашата состојба но вооедно да им дадеме генерална слика за овој спорт. Нова болдер вежбална би значело нова ера за овој спорт во нашиот град, вклучувајки и многу нови членови. Со нова вежбална би имале можност да организираме многу добри натпревари, подобра подготовка за нашите проекти на природна карпа а вооедно би биле и поблиску до глобалната спортска заедница, истакнуваат од Вертикал.

Иако општина Битола е запознаена со нивниот проблем, не излегува во пресрет со конкретно решение. Да се надеваме дека со ова кратко видео ќе поттикнат можеби некои други ентузијасти и љубители на спортот кои имаат идеја за наоѓање на нова локација и би им помогнале да го развијат овој спорт во нивниот град.


Извор: СКК – Вертикал Битола

beyond-the-results-logo