Зошто трчаме?

It’s hard. It Hurts. We do it anyway. – Strava

Платформата за следење на спортските активности „Страва“, направи анкета со цел да открие зошто луѓето низ целиот свет се „заразени“ со трчањето. Анализирани беа податоци од 25 000 корисници на оваа апликација и еве дел од заклучоците:

  • Иако луѓето највеќе го мразат звукот на утринскиот аларам, дури 57% никогаш не стискаат на „snooze“ копчето кога се работи за трчање
  • Најомилен дел од целото трчање е финиширањето, дури повеќе и од оброците по трчањето
  • Доколку омилен дел од активноста ни е завршувањето на истата, зошто ја правиме истата? Постојат четири основни мотивации: првата, која ја одбрале и најголемиот број на испитаници, е здравјете, втората е рутината, трета е социјалниот елемент (да повеќето луѓе сакаат да трчаат во група) и на крај како четврта е аспирацијата (поставување амбициозна цел, поврзување со природата и сл.).

Доколку сакате подетално да навлезете во статистиките за ова истражување, кликнете ТУКА.

Доколку ве интересира Зошто некој би уживал во алпинизмот, прочитајте го текстот на Бојан Митановски


beyond-the-results-logo