Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје ја пушти во употреба лабараторијата за Дијагностика во спортот и физичките активности. Целта на оваа институција е да се пружи научна поддршка на секој спортист, рекреативец и ученик со цел постигнување на повисоки резултати и правилен психофизички развој.
Дијагностиката во спортот е исклучително важна бидејќи само така може да се добие јасна слика за позитивните и негативните страни на перформансите што пак е клучно за одредување кои аспетки кај индивидуата треба да се подобрат, а кои да се модифицираат за да се достигне максимумот.
Искусниот тим на професори и софистицираната апратура, заедно со најсовремените протоколи на лабараториски и теренски тестирања ќе овозможат:
- Процена на моторичките способности
- Процена на функционалните способности
- Процена на психолошките карактеристики
- Процена на морфолошките карактеристики
- Процена на спортскиот талент
- Процена на нивото на спортската (физичка) форма
- Мониторирање на развојот на моторичките способности
- Мониторирање на развојот на спортската техника
- Мониторирање на ефикасноста на тренажниот процес
- Помош во избор на најадекватен спорт или физички активности
- Помош во планирање и програмирање на тренингот (физичките активности)
- Помош во селекција на талентирани спортисти базирана на современи и научно потврдени показатели
- Процена на нутритивниот статус
- Консултативни и едукативни услуги
Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број: 070 314 894.
Доколку сеуште сте во дилема зошто е потребно да се консултирате со професори, прочитајте го текстот на професорот Владимир Вуксановиќ
