Вежбање во домашни услови

Кризата предизвикана од коронавирусот и карантинот кој се наметна како најсоодветен одговор, ги натера луѓето да направат големи промени во секојдневието за кратко време. Овие промени можеби највеќе ги осетија вљубениците на „outdoor“ активностите бидејќи суштината на овие активности е да се биде надвор и да се ужива во совладувањето на препреките што природата ги задава. Како одговор на сето ова луѓето од „Uphill Athlete“ објавија серија на вежби за сила и издржливост кои што можат да се прават во домашни услови, се со цел да останеме активни и да бидеме спремни кога оваа криза ќе заврши.

Бидете одговорни за сопственото и здравјето на сите околу вас. Останете дома и бидете активни.


beyond-the-results-logo