Алпинизмот е прогласен за културно насладство од страна на UNESCO

После 10 години напори и лобирања од страна на UIAA, на 11.12.2019 година, собраниете на UNESCO донесе одлука со која Алпинизмот се прогласува за културно наследство (Intangible Cultural Heritage = ICH).

Меѓу другото, UNESCO го препознава Алпинизмот како уметност на:
– Искачување на планини и планински врвови користејќи ги сопствените ментални, технички и интелектуални способности;
– Предизвикувајки ги сопствените способности и експертизи за решавање на природни, не вештачки, пречки;
– Проценување и претпоставна на пресметан ризик;
– Себеменаџирање, сопствената одговорност и солидарност;
– Почитување на останатите луѓе и природата.

Што значи ова големо признание и кои ќе бидат следните чекори може да прочитата во официјалното соопштение.