Услови за користење

BEYONDTHERESULTS – THE HUMAN SIDE OF THE STORY

Со посетата на овој портал, Вие без никакви ограничувања, се согласувате со условите на користење, со тоа што на уредниците на beyondtheresults.com им отстапувате целосни права да ги менуваат условите. Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила и услови, за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во понатамошното користење на порталот. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека во целост сте се запознале и сте ги прифатиле. Доколку не се согласувате со правилата и условите, Ве молиме да не го користите порталот. За сите дополнителни прашања и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте не на contact@beyondtheresults.com.

1. Содржина

  • Beyondtheresults.com е портал којшто објавува спортски приказни и којшто не превзема содржини од други македонски и странски сајтови;
  • Сите објавени вести се од забавен карактер и не мора да значи дека се 100 проценти точни;
  • Со користење на овој сајт, Вие можеби ќе пронајдете навредливa или непристоjна содржина или содржина којашто не е точна. Со самото користење на овој портал Вие ги сносите сите последици и се согласувате beyondtheresults.com да не го сметате одговорен под никакви услови;
  • На порталот се објавуваат и рекламни содржини. Beyondtheresults.com ќе се обиде да не дозволи огласување забрането со закон, огласување што го повредува човековото достоинство, огласување што може да предизвика некаква штета, неетичко огласување, како и огласување кое може да ги доведе во заблуда корисниците на порталот. Објавувањето на рекламните содржини се темели на договорни односи помеѓу издавачот и неговите партнери.

2. Објавување на наши текстови

Доколку сте сопственик на сајт којшто служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на beyondtheresults.com треба да ги почитувате следниве услови:

  • Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт којшто служи за комерцијални цели без претходна дозвола од главниот уредник. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 20 проценти од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на beyondtheresults.com;
  • Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните, се во интелектуална сопственост на издавачот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот имате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права што се однесуваат на овие содржини;
  • Не е дозволено: копирање, преземање, менување, адаптација или какво било друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

3. Ограничување на одговорност

Beyondtheresults.com се оградува од одговорност за:

  • Каква било штета што корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на порталот, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на порталот;
  • Каква било штета настаната од рекламните содржини објавени на порталот;
  • Вистинитоста и точноста на податоците објавени во рекламните содржини, како и достапноста на рекламираните производи и услуги;
  • Каква било штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линкови објавени на порталот.

Beyondtheresults.com го задржува правото да врши промена на овие услови.

Ве молиме да ги почитувате правилата и условите за користење на beyondtheresults.com.


© 2019 Beyondtheresults