Приватност

BEYONDTHERESULTS – THE HUMAN SIDE OF THE STORY

Добредојдовте на beyondtheresults.com, локален и глобален портал којшто го обединува активното општество преку постојана размена на корисни информации во врска со спортот и приватниот живот на спортистите. Услугите што Ви ги нудиме на овој портал се состојат во презентирање на приказни на спортисти, раскажани во прво лице еднина и имаат за цел да ја пренесат приказната на човекот што стои зад постигнатите резултати. Податоците ги собираме и ги дистрибуираме како поединечни и/или групирани информации на начин што е ефикасен за нивно брзо и лесно пронаоѓање.

Политиката на приватност на пoрталот beyondtheresults.com е составен дел од нашата постојана грижа за корисниците. Приватноста е креирана за да се обезбеди заштита на личните податоци на корисниците на овој портал. Beyondtheresults.com е сериозно посветен на заштитата на приватноста односно на заштитата на личните податоци на корисниците на порталот.

Би сакале да бидеме сигурни дека во целост сте ги разбрале условите и термините за користење и употреба на информациите. Внимателно прочитајте ги информациите што се однесуваат на политиката на приватност. Вашето пристапување и користење на нашиот портал за нас значи прифаќање на ваквата политика на приватност и на секоја промена или измена на политиката поединечно. Доколку не ја прифаќате нашата политика на приватност и не се согласувате со условите за користење на нашата страница и информациите што се содржани, Ве молиме да не пристапувате.

За повеќе информации за условите за нејзиното користење видете ги  Условите за користење на beyondtheresults.com.

1. Информациии што се собираат и користење на собраните информации

При користењето на нашите услуги од Вас може да се побараат информации за идентификација: Име и Вашата е-маил адреса. Личните податоци за идентификација што се добиени од Вас, може да ги употребиме за испраќање на пораки до Вас, или за приспособување на специфични информации што најмногу одговараат на Вашиот интерес и потреби. Преку анализата на личните информации и искажаните интереси и потреби од Вас, ја унапредуваме и подобруваме понудата која Ви е потребна. Во одредени случаи, ние ќе продуцираме само збирни (сумирани) податоци коишто нема никако да бидат поврзани со определено лице. Овие информации не се поврзуваат со личните податоци кои ги давате при користењето на порталот. Во случај на спојување или превземање на нашето друштво од друго друштво, Вашите лични податоци за идентификација ќе ги превземе новиот деловен следбеник, но под условите на Политиката на приватност. Beyondtheresults.com може личните податоци за идентификација да ги сподели и со надлежните служби и по судски налог, како и во други случаи утврдени во позитивните закони.

2. Заштита на податоци

Ние имаме имплементирано бројни безбедносни карактеристики низ целиот портал, дизајнирани за да се заштитат информациите што се одржуваат на нашиот систем од неовластено давање, користење или пристап до личните податоци. Пристап до личните информации собрани од корисниците имаат само овластени лица кои се обврзани да ја почитуваат доверливоста на Вашите податоци. При обработката и преносот на информациите се користи HTTPS безбедносен протокол.

3. Промени на политиката на приватност

Beyondtheresults.com го задржува правото на промени на политиката или на дејностите што ги врши, вклучително и политиката на приватност, во кое било време. Текстот на промените на политиката на приватност се објавува во овој дел и влегува во сила со денот на објавувањето. Ваша задача е да го посетувате овој дел и да ги проучите и проверувате промените.

4. Право на информации и како да не контактирате

Сите прашања или коментари од корисниците во врска со политиката на приватност или со употребата на личните податоци може да ги испратите до beyondtheresults.com на следната е-меил адреса contact@beyondtheresults.com. Одговорите на поставените прашања ќе ги добиете во рок од 24 часа од приемот на прашањето.


© 2019 Beyondtheresults